ГРК Охрид со минимална негатива се враќа од Целје

104
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

ГРК Охрид на првата полуфинална средба во ЕХФ Европскиот Куп запиша минимален пораз, откако на гостувањето кај Целје со 27-26. Негативата од едне гол не е страшна, особено ако се земе во предвид дека охриѓани губеа и со седум гола разлика. Реваншот се игра на 2 мај во салата „Билјанини Извори“.

Анџиќ со осум гола беше прв стрелец кај Целје, на другата страна Ѓукиќ имаше пет погодоци.

Македонскиот тим отвори моќно, поведе со 0-6 после девет минути игра. На другата страна Целје првиот погодок го постигна од седум метри за 1-6. Домашниот тим се разбуди, на средината на првото полувреме прво успеа да намали на 5-8, по што Борис Ројевиќ повика тајм-аут. Сепак тоа не промени ништо на теренот, бидејќи противникот полека, но сигурно ја топеше позитвата на охриѓани, со серија од 8-0, во 29-та минута приреди вистински пресврт и поведе со 15-10, на својата страна го имаше одличниот Габершек. Последниот гол ГРК Охрид го постигна во 16-та минута. После долго време Ќосески успеа да погоди за 15-11 на одморот.

Целје во вториот дел поведе со 22-15, но на голема среќа охриѓани со серија од 6-1 дојдоа на 23-21. Охриѓани беа на минус еден 25-24 и 26-25. Во последната минути Пилиповиќ го спречи домаќинот да реализира за плус два, на другата страба Ѓукиќ ги постави конечни 27-26.

ПретходноГостивар ги совлада Ангели на нивен терен
СледноБрестовац и Петар Атанасијевиќ блеснаа, Пелистер без милост против Тиквеш