Поранешен нигериски репрезентативец почина за време на натпревар

21

Поранешниот нигериски репрезентативец, Мајкл Енерамо, почина во петокот на 40-годишна возраст откако се онесвести на теренот за време на пријателски натпревар. Нигериската фудбалска федерација соопшти дека веројатна причина за смртта е срцев удар.

Енерамо го одиграл целото прво полувреме, а несреќниот момент се случи пет минути по почетокот на второто полувреме.

„Ова е катастрофално. Во овој момент сум без зборови“, рече генералниот секретар на федерацијата, Мохамед Сануси.

Енерамо одигра 10 натпревари за нигериската репрезентација, постигнувајќи три гола. На клупско ниво, тој играше за турските клубови Сиваспор, Бешикташ, Карабукспор, Истанбул Башакшехир и Маниса.

ПретходноРК Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот со Монпеље!(ФОТО)
СледноПолувреме: “Лавовите“ со минимално водство во градската пресметка со Работнички!