Како што информираат од РК Вардар, пуштени се во продажба билетите за дуелот Вардар 1961 – Монпеље.
Од Вардар велат:
„Да го направиме последниот чекор заедно!
Во продажба се пуштени билетите за претстојниот натпревар против Монпеље во четвртфиналето од ЕХФ Лига Европа.
Натпреварот Вардар 1961 – Монпеље ќе се одигра во вторник, на 05.05.2026 година, со почеток од 20,45 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
До самата завршница на Лига Европа не делат уште неколку важни чекори, а поддршката од трибините ќе биде од огромно значење за нашиот тим.
Продажбата на билетите ќе се одвива онлајн преку продажната мрежа на www.ticketx.com.mk –
https://ticketx.com.mk/events/vardar-montpellier
како и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот“










