МКК Куманово славеше против Работнички

90

Откако Феникс 2010 и официјално следната сезона се сели во Првата лига, прашањето околу опстанокот во суперлигашкото друштво веќе не е доведено во прашање ниту за МКК Куманово ниту за Работнички. И двата тима со обезбеден суперлигашки статус за следната сеозна, одиграа еден интересен натпревар во кој домашните повеќе ја посакуваа победата и на крајот дојдоа до триумф од 90:73.

За Куманово ова беше 13-та победа сезонава со која се зацврти на второто место на табелата во плеј-аут зоната. Вечерва најдобар поединец во домашниот состав беше Стевановиќ кој постигна 26 поени со 7 скока и 8 асистенции, додека во тимот на Работнички, Рикиќ застана на 30 реализирани поени, со дабл-дабл од 11 скока и 3 асистенции.

ПретходноУ15: Убедлива победа над Молдавија на стартот на турнирот во Италија
СледноЈубилејот одбележан со хет-трик: Омерагиќ влезе во „Клубот 100“