Ц. Звезда го доби вечното дерби и повторно стана шампион

68
фото: Arena Sport TV @arenasport_tv (X)

Фудбалерите на Црвена звезда го победија Партизан на домашен терен во натпреварот од 33-то коло од српската Суперлига со 3:0. Ц. Звезда ја контролираше ситуацијата во текот на целиот натпревар и ја освои деветтата последователна титула шампион на Србија.

„Црвено-белите“ тргнаа поофанзивно од самиот почеток, а победата стигна во вториот дел, иако Ераковиќ уште во 18. минута ги доведе домашните до 1:0. Авдиќ во 69-тата зголеми на 2:0, додека Сеол ги постави конечните 3:0 во последните две минути од регуларниот дел на мечот.

Црвена звезда ја освои 37-мата шампионска титула.

ПретходноТорино го одложи шампионското славје на Интер
СледноТомовски со нова брилијантна партија го носи Битигхајм кон пласман во Бундеслига