Струга Трим Лум сака со триумф над Силекс да ја разбие домашната бариера

53
Фото: Струга Трим Лум/Фејсбук

Струга Трим Лум денеска (13 часот) го пречекува Силекс на домашен терен и ќе се обиде да го подобри ефектот кога се во прашање натпреварите пред својата публика.

Ги загуби последните два, против Тиквеш (1-2) и против Работнички (1-2), па соочувањето со Силекс е важно од тој аспект исто колку и битката за третата позиција. Стружани имаат седум бода предност пред четвртопласираниот Силекс, па со евентуален триумф ќе ја потврдат оваа позиција.

„Подготвени сме за добар натпревар и се надеваме дека ќе ги освоиме трите бода. Во последниот период имавме лоши настапи пред домашните гледачи и мислам дека им должиме едно квалитетно издание. Верувам дека ќе одиграме на потребното ниво и дека на крајот ќе се радуваме“, изјави Басиру Компаоре.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Силекс е закажан за 13 часот, на Градскиот стадион во Струга.

ПретходноСП за училишта: Кадетите и кадетките денеска во битка за финале!
СледноНов скандал во Серија А: Првиот судија Роки под истрага поради фаворизирање на Интер!