Барди со супер асистенција го “поздрави“ Трабзонспор! (ВИДЕО)

92
фото: Halil Yılmazer (X)

Енис Барди беше стартер вечерва во составот на Коњаспор против својот некогашен клуб, Трабзонспор. Беше во игра на овој дерби меч во елитната турска лига до 63.минута и беше еден од најдобрите за Коња која до тој момент водеше со 2:0. Нашиот репрезентативен капитен имаше две шанси, штета што не бепше стрелец, но затоа во 39.минута со супер асистенција помогна и тоа како неговата Коња да поведе со 2:0, стрелец и на овој гол, како и првиот беше, Кутлу.

Нашиот репрезентативец беше и тоа како мотиваран на овој меч, како да сакаше на сите во Трабзонспор да им покаже дека тој клуб погрешил што го пуштил да си замине. Да потсетиме дека Барди беше дел од Трабзон од 2022 до 2025, за да потоа преку Бодрум дојде во Коњаспор.

ПретходноГевгелија – местото каде кошарката носи љубов, среќа и магија (ФОТО)
СледноВаленсија сега се фали со Македонецот: Светот на Столе!