Македонската женска кадетска репрезентација се пласираше во финалето на Светското училишно првенство во ракоме, откако во полуфиналето ја совлада Турција со 30-22.
Во финалето ќе игра против Хрватска која ја победи Романија.
Нашите кадетки одиграа уште еден неизвесен натпревар, во првото полувреме Турција го диктираше темпото, но Македонија не им дозволи лесно да направи стабилно водатво. Пред крајот на овој период избраничките на Даниела Новеска успеаја да направат мини серија и да израмнат на 12-12 на одморот.
Неизвесноста продолжи во вториот дел, со тоа што Македонија поведе со плус два 19-21, ни пропушти шанса да дојде на плус три.
Сепак борбената игра и желбата за победа пресудија, па Македонија почна да го гради патот кон финалето, дојде на плус седум 28-21 и ги реши сите дилеми.
Ивана Трифуноска заврши како најефикасна во нашата репрезентација со 9 погодоци, а одлично издание имаа и Марија Димоска со 4, Лашкоска и Балоска со по 3 гола.










