И кадетите на Македонија ќе играат за златен медал на Мундијалот

342

Македонската машка кадетска репрезентација ќе игра за златен медал на Светското училишно првенство во ракомет. Избраниците на Горан Кузманоски се пласираа во финалето, откако славеа со 30-19 (14-10).

За противник во битката за првото место кадетите ќе го имаат подобриот од Израел и Хрватска, меч кој се игра во 14:30 часот.

И двете финалиња во машка и женска конкуренција ќе се играат во големата сала “Јане Сандански”. Женското е закажано со почеток во 14 часот, додека машкото во 16 часот.

И овој натпревар се одигра пред полни трибини, нашите надежи пред крајот на првото полувреме го скршија отпорот на противникот, на одморот заминаа со водство од 14-10.

Клучната разлика ја направија по само пет минути игра во второто полувреме, кога поведоа со 19-10. До крајот Македонија продолжи да доминира, на средината на овој период имаше мал прекин, откако ракометар на Србија незгодно падна на подот при контакт.

На пет минути до крајот нашите надежи поведоа со двоцифрени 27-17 за крај на сите дилеми, ако воопшто постоеја.

Македонската кадетска репрезентација ја продолжи победничката серија од пет победи во исто толку одиграни натпревари.

Кај нашиот национален тим најдобар стрелец со седум гола е Бобан Поповски, а зад него со пет е Стефан Ѓоргиевски. По четири постигнаа Симоновски и Дамчевски.

ПретходноШК Алкалоид го дели третото место – уште две кола до сонот за медал
СледноРистески за шампионската титула: Штип не памети ваков успех, ова е историја!