Целје го чека „пекол“ во Охрид, салата „Билјанини извори“ е распродадена

112

Од ГРК Охрид, предмалку информираа дека салата „Билјанини извори“ е целосно распродадена на пет дена од дуелот против тимот на словенечки Целје, кој што се игра во рамките од ЕХФ Европскиот куп. Истиот секако е со работен наслов, реванш полуфинале во ова натпреварување, во кое нашиот претставник по првиот меч има негатива од само еден гол, (27:26).

Мечот инаку е закажан за 2 мај со почеток во 19:00 часот.

Со ова дефинитивно се потврдува дека Охрид во моментов го има зафатено ракометна еуфорија и од својот миленик се очекува пласман во финалето. За словенците слободно може да се каже дека ги чека вистински пекол во „Билјанини извори“, а кога Охрид во Словенија можеше да одигра на она ниво на кое што одигра, на домашен терен неговите шанси се далеку поголеми за уште подобар настап.

ПретходноРистески за шампионската титула: Штип не памети ваков успех, ова е историја!
СледноСтруга ТЛ со рутински триумф над Силекс (ВИДЕО)