Јетон Беќири: Недозволиво е Шкендија да прима вакви голови, јасно дека одговорноста е моја!

353

Шкендија денеска на свој терен во меч од 29.коло доживеа пораз од Башкими и тоа со 2:3. Сега актуелниот шампион има пеколно тешка задача да ја одбрани титулат, ако се знае дека на четири кола до крајот, Вардар има предност од +4 бода.

По мечот стратегот на тетовските „црвено – црни“ имаше свој коментар за овој дуел со Башкими.

Нормално дека овој пораз нè става во исклучително тешка ситуација, бидејќи беше пораз кој беше неочекуван. Бевме исклучително лоши во дефанзивниот дел, односно одбраната како тим, се браневме многу лошо. На овој меч игравме со најдобрите играчи во одбраната зошто знаевме дека тимот на Башкими има квалитетни играчи во нападот, но на крајот постигнавме два гола, примивме три гола и ова е неприфатливо за тим кој се бори за шампионската титула и тоа пред своите фанови“ посочи Беќири.

Стратегот на Шкендија истакна дека и сега тој ја презема одговорноста:. “Нормално вината е секогаш на тимот, но одговорноста е секогаш моја и ќе се обидеме да направиме сè што можеме за да се вратиме во овие преостанати кола.“ рече покрај другото Беќири.

ПретходноВаленсија сега се фали со Македонецот: Светот на Столе!
СледноДрама во пет сета, со среќен крај за Наковски Волеј на почетокот на финалната серија