Никола Јокиќ е казнет со 50.000 долари, а Џулиус Рендл од Минесота со 35.000 долари за тепачка кон крајот на четвртиот натпревар од првото коло од плејофот на Западната конференција, објави денес НБА. Инцидентот што доведе до суспензиите се случи на крајот од четвртиот натпревар, кој Минесота го доби со 112-96 и поведе во серијата со 3-1.
Српскиот играч реагираше откако Џејден МекДениелс направи бесмислен леј-ап на две секунди до крајот кога сè веќе беше решено. Играчите од двата тима интервенираа пред да се смират работите. И Јокиќ и Рендл добија технички грешки и беа исклучени.
Двајцата ќе имаат право да играат во петтиот натпревар од оваа серија, кој е закажан за утре во Денвер.










