Словаците го објавија списокот за двомечот со Македонија

140
фото: Slovak Handball Federation (FB)

Противникот на Македонија за бараж мечот за пат на Светското првенство во Германија 2027, селекцијата на Словачка, го објави списокот на повикани ракометари за двомечот со нашата селекција.

Словачка има шпански селектор, тоа е Фернандо Гурих кој претходно пет години работеше во Словачка со младинските репрезентации и како технички директор, па целата оваа нова генерација на словачки ракометари во извесна мерка е негова креација.

За дуелот со Македонија ќе бидат посилни за тројца ракометари во однос на мечот со Украина. Тоа се бекот на шпанска Торелавега, Марко Јуркович, кој се врати по операција на ногата, крилото на германскиот второлигаш Десау Рослауер – Давид Мишовјук и нивниот натурализиран пикер од Украина, Сергеј Петрученко.

Фернандо Гурих објави список од 20 играчи од кои осуммина се интернационалци, од разни првенства, но не и од топ тимови.

ГОЛМАНИ: Мариан Жернович (Будаи, УНГ), Михал Конечни (Ферлах, ГЕР), Матуш Митошинка (Татран)

ПИКЕРИ: Шимон Макач (Бистрица), Сергеј Петрученко (Легионово, ПОЛ), Марек Палеш (Бојнице), Матуш Моравчик (Дукла, ЧЕШ)

БЕКОВИ: Јакуб Прокоп, Марко Јуркович (Торелавега, ШПА), Мартин Потиск (Мешков, БЛР), Томаш Сметанка (Бојнице), Марек Штефина (Бистрица), Јакуб Кравчак, Лукас Урбан (Татран), Јакуб Федер (Страслундер, ГЕР), Томаш Обулани (Хлоховец)

КРИЛА: Ерик Фенар, Марко Антл (Татран), Јурај Бријатка (Тополчани), Давид Мишовјук (Рослауер, ГЕР)

Првиот натпревар ќе се игра во Прешов на 14 мај, а реваншот е три дена подоцна во Скопје.

ПретходноМухарем Мислими: Очекувам гладијаторска борба во Тетово
СледноБилетите за мечот Македонија – Ирска се веќе достапни