Македонските кадети фуриозно до светското злато (ФОТО)

370

Македонската кадетска репрезентација е победник на Светското училишно првенство во ракомет. Избраниците на Горан Кузманоски го освоија златниот медал, откако во финалето славеа против Израел со 38-32 (20-14). Македонија доминираше на овој шампионат, запиша шест победи во исто толку натпревари.

Кадетите не дозволија неизвесност. Нешто израмнета игра гледавме во воведните минути, противникот поведе со 1-2, но Македонија со три гола во низа врати за 4-2. Од овој момент момците на селекторот, Кузманоски полека, но сигурно го градеа победничкиот пат, на одморот резултатот беше 20-14.

Не се промени ништо ниту во второто полувреме. Македонските кадети рутински го приведоа мечот, иако Израелците се обидоа да приредат пресврт и дојдоа на негатива од два гола, сепак нашите надежи не дозволија поинакво сценарио, цврсто чекореа кон победата и златниот медал на ова натпреварување кое е прво во историјата за нашата држава.

ПретходноПораз во добра игра на надежите против Велс
СледноФФМ организираше инклузивен турнир во Скопје