Пораз во добра игра на надежите против Велс

38

Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на нации што се одржува во Италија.

По стартната победа во дуелот со Молдавија, избраниците на селекторот Горан Станковски доживеаа пораз од 2:1 во соочувањето со Велс.

Противникот двата гола ги постигна во првиот дел, а единствениот погодок за Македонија беше дело на Велшкиот репрезентативец, Ануадике кој во 61. минута ја погоди сопствената мрежа.

Во последното коло Македонија за противник ја има селекцијата на Шкотска, а почетокот на натпреварот е закажан за 11 часот.

МАКЕДОНИЈА – ВЕЛС 1:2

СТРЕЛЦИ: 0:1 23′ Ифан Хардинг, 0:2 Џереми Дејтон 34′ 1:2 61′ Ноа Ануадике (автогол)

МАКЕДОНИЈА: 12. Јован Даноски, 2. Адел Мустафи (17. Јетмир Асани 56), 3. Ејман Емини, 4. Давор Танески (11. Јоан Ѓорѓиевски 46), 5. Дин Рожајац, 6. Калин Аврамовски, 7. Драган Петков (20. Васко Трајков 56), 9. Мубин Мустафа (19. Дијар Алиу 56), 10. Доротеј Христов (8. Павел Димоски 56), 13. Амар Незири, 14. Фисник Амити (15. Горазд Ристоски 66).

 

ПретходноМицковска им додели признанија на сите кои придонесоа за успешна ракометна светска приказна!
СледноГевгелија подготвена за футсал финалето: Кеги Моби и Проект во битка за Куп трофејот