Ова го може само тој: Јокиќ му ја дава топката на играч на Минесота, а потоа…(ВИДЕО)

541
ФОТО:Printskrin/Tviter

И тоа како е интересно во серијата меѓу Денвер и Минесота, а во центарот на вниманието за време на петтиот натпревар, кој се играше утринава, повторно во центарот на внимаието беа Никола Јокиќ и Џејден МекДениелс.
Денвер успеа да слави во петтиот натпревар од првото коло од плејоф серијата против Минесота и да намали на 3:2, но сега тимот на Дејвид Аделман има потешка задача – да слави во Минеаполис во петок. И натпреварот во Колорадо се одвиваше во иста атмосфера како оној во Минеаполис. Јокиќ и МекДениелс, кои речиси се степаа на крајот од четвртиот дуел, а потоа беа казнети, продолжија и во текот на петтиот натпревар со провокации.
Србинот повторно беше на работ на конфликт со МекДениелс, кој го блокираше по свирежот на судијата во третиот период, што го изнервира Џокер, но Мајк Конли и судијата спречија ескалација.
МекДениелс провоцираше по Јонас Валанчиунас, а по еден од кошевите, Кристијан Браун сигнализираше кон високиот играч на Минесота. И на крајот од натпреварот се случи интересна ситуација, во која Никола повторно беше актер. Останаа 29 секунди до крајот на играта, топката беше кај Јокиќ, а кога сите помислија дека тој само ќе ја шутне топката до крај, тој буквално му ја подаде на Жоан Беранжер, центар кој до неодамна играше во Цедевита Олимпија.
Судијата досуди мртва топка, што го насмеа коментаторот, го збуни Беранже, а Јокиќ се смееше.

ПретходноКадетките одат по златен медал: Ќе се бориме до крај, сакаме да ја израдуваме нацијата!
СледноПатот до финалето за кадетите беше трнлив: Никој не знае дека шест-седум играчи имаа вирус, не можеа од кревет да станат!