Патот до финалето за кадетите беше трнлив: Никој не знае дека шест-седум играчи имаа вирус, не можеа од кревет да станат!

69

Македонската машка кадетска репрезентација во изминиот период имаше вистински маратон. Прво настапи на Медитеранските Игри, а само неколку дена потоа дојде на Светското училишно првенство во ракомет.

И не е само ова, селекторот Горан Кузманоски и неговите момци се соочија со бројни проблеми, дел од ракометарите имаа вирус, но најдоа сили да ги одиграат сите натпревари и да стигнат до финалето. Нашата е земја е единствена која успеа да запише перфектен скор пет победи во исто толку одиграни натпревари.

Македонија денеска (16 часот) во салата „Јане Сандански“ ќе игра за златен медал, на другата страна за противник ќе ја има Израел.

„Благодарност до играчите, покажаа карктер иако не беа лесни последните два меча против Саудиска Арабија и против Србија. Одбраната го реши победникот против Србија, им реков на момците ако го спроведеме нашиот систем нема да имаме проблем.

Реално пред почетокот на Светското училишно првенство амбициите беа да играме финале и да освоиме медал, тоа го исполнивме. Морам да напоменам дека ние дојдовме од Медитерански Игри, доста играчи се преморени, никој не знае дека шест-седум играчи имаа вирус, не можеа од кревет да станат, само доаѓаа за да одиграат натпревар и си одеа. Но, сето тоа заедно го пребродивме, се пласиравме во финалето и се надевам на добра игра. Финале е секој може да победи“, изјави селекторот Горан Кузманоски.

Влезот во салата “Јане Сандански“ е слободен, директен пренос од финалето ќе има на МРТ.

ПретходноОва го може само тој: Јокиќ му ја дава топката на играч на Минесота, а потоа…(ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Вардар му гостува на Башкими во Гостивар!