Охрид имаше успешна „генералка“ пред реваншот со Целје

84

Ракометарите на Охрид со победа над Бутел направија генерална проба за реванш натпреварот со Целје воикендов во ЕХФ Европскиот куп. Денеска во „Билјанини Извори“, избраниците на Ројевиќ славеа над екипата на Бутел со 31:26 со што ја прокнижи и 22-та сезонска победа во Суперлигата.

Охриѓани одиграа цврст меч, иако дел од ракометарите не беа максимално оптоварени, за да се заштедат сили за европската пресметка. Во првиот дел беше прилично израмнето, а таков беше и резултатот со кој се отиде на пауза, 16:16.

Сепак, почетокот на вториот дел Охрид го искористи да направи пробив со два гола предност во првите 10 минути, по што полека до последните 10-тина минути од средбата разликата се искачи и на +4. Бутел не успеа да се врати, па охриѓани очекувано дојдоа до нов успех.

Ќосевски беше одличен со 9 гола кај Охрид, каде 6 гола постигна Кукуловски и 5 гола имаше Иванковиќ. Во составот на Бутел најефикасен беше Михајловиќ со 7 погодоци.

ПретходноДешамп се спрема за потег со кој ќе ги шокира Французите!
СледноИднина која ветува: Злато и сребро за Македонија на историско првенство (ФОТОГАЛЕРИЈА)