ТИМ И ИГРАЧ НА 29.КОЛО: Омерагиќ со хет – трик против Тиквеш

62

Вардар го декласираше, го згази Тиквеш со 7:0, а три од тие седум голови беа дело на Азер Омерагиќ во неговиот 100-ти меч за нашиот најтрофеен клуб. Робусниот напаѓач кој оваа сезона е еден од најдобрите во тимот на Гоце Седлоски, против Тиквеш одигра маестрален меч, капитенски, па и поради тој хет – трик што ги стави во очај гостите од Кавадарци. И затоа според „СпортСпорт“ играч на 29.коло во нашата елитна лига е Азер Омерагиќ од Вардар. Од овој тим во идеалниот состав на колото се и Велковски и Закариќ, а тука се Јовчевски (Пелистер), Маудо и Малески (Струга ТЛ), Кабаркас и Џангаровски (Македонија ЃП), Ор, Алексовски и Аворнио (Башкими).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АЗЕР ОМЕРАГИЌ

Тим: Вардар

Роден: 14.07.2002 во Скопје

Кариера: Вардар, Хајдук, Борец, Шкупи, Скопје, Вардар

ПретходноИднина која ветува: Злато и сребро за Македонија на историско првенство (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноГостиварци се одјавија со „стотка“