Во последниот натпревар во оваа натпреварувачка сезона, кошаркарите на Гостивар славеа убедлива победа над Чаир 2023, за простување од своите фанови со натпреварувањето во „МТЕЛ“ Супер лигата. Гостиварци славеа со 107:72 за деветта победа оваа сезона, со која се простија со своите верни фанови.
По скоро изедначениот прв перид во кој водеа со (21:19), гостиварци остварија целосна доминација во оние други три четвртини од мечот против екипата од Чаир.
До полувремето, ја зголемија позитивата на (42:31), а по три одиграни периоди, веќе беа на недостижно водство од (75:56).
Уште едно блескаво напаѓачко издание имаше Диксон, кој во последниот меч во сезоната испорача 39 поени, а имаше и десет скока и пет асистенции. Добри поентерски улоги како стартери имаа и Димитриевски, кој постигна 18 поени, дополнети со седум скока и две асистенции, Карахоџиќ, кој заврши со 15 поени (три скока и две асистенции), и Грегори со 13 поени (и осум скока) за екипата на Гостивар. Двоен број на поени, вкупно 11, во домашната екипа имаше и Тодоровски.
А рекорд на сезоната, со реализирани 19 асистенции, постави еден од најискусните играчи во гостиварскиот суперлигаш – Марјан Младеновиќ. Во екипата на Чаир 2030, сите пет стартни играчи запишаа најмалку десет поени. Синани имаше 15, Реџа 13, Саити 12, Ибраими 11, а Четмен уште 10 поени.










