Димитриевски: Во моментов сум во најдобрата можна форма

193

Македонскиот репрезентатовец и интернационалец, Столе Димитриевски ги дочека своите „пет минути“ во тимот на Валенсија. Откако пристигна во овој тим, имаше периоди кога беше „закован“ за клупата од причини на кои не можеше да влијае. Сепак, искусниот голман, не само што го преброди тој период професионално, туку истиот го искористи за максимално да се подготви, мотивира и фокусира за она што следува.

А следуваше дадена и автоматски искористена шанса од страна на стручниот штаб, за да во момоентов има статус на НЕЗАМЕНЛИВ.

И не само тоа. Во моментов Димитриевски е еден од најдобро оценетите голмани во Примера, и е во фантастична форма. Одбрани за „десетка“ против Џирона, а следниот викенд че се соочи со уште еден огромен предизвик. Атлетико Мадрид.

„Секогаш се обидувам да го дадам најдоброто од себе на тренинг. Секој ден. И сум многу задоволен од моите интервенции и од можноста да му помогнам на тимот. Работев многу за да бидам на ова ниво, се чувствувам добро и го давам максимумот на секој тренинг и натпревар. Најважно е тимот и да ги освоиме трите бода на секој натпревар. Во мојот најдобар момент сум во Валенсија, но можам да дадам повеќе“ – вели Димитриевски па додава.

„Таму има многу квалитетни екипи во Примера. Мора да останеме добро фокусирани и да се подготвиме за следниот натпревар. Имаме поголема самодоверба да се вратиме во игра. Пред години со 37/38 можеше да се остане на врвот, а оваа година има поголема конкуренција, затоа мора да освоиме максимален можен број поени. Мора да освоиме што е можно повеќе победи за да стигнеме што е можно повисоко на табелата. Сите тимови освојуваат поени, победуваат, но ние сме на добар пат.“ – вели Димитриевски, па се осврнува на следниот дуел против Атлетико Мадрид.

„Ќе биде одличен натпревар, денеска ќе го видиме во Лигата на шампионите нашиот следен ривал. Тие се квалитетен тим, но ние играме на Местаља и мора да ги притискаме. Лигата на шампионите може да влијае на нив, но ние мора да бидеме на најсвисоко ниво, тие имаат многу голем состав. Тие се навикнати на тоа. Мора да го одиграме нашиот натпревар и да одиме на победа. Тие имаат стил на игра што нема да го променат. Има играчи кои ќе ротираат, но ние мора да се фокусираме на себе. Ќе мора да одиграме одличен натпревар.“ – вели македонскиот репрезентативец па поентира.

Запрашан околу супер одбраната против Џирона, Димитриевски стандардно скромен и професионален и во оваа прилика.

„Не сум го гледал моментот повеќе од четири/пет пати, добра одбрана е, особено поради моментот. Мораме да уживаме, Тарега исто така малку ја допре топката. Работиме на овие ситуации со Маркос Абад и Андони Очоторена за да се движиме брзо во ваков тип акции. Секоја работа си има своја награда. Мораме да му дадеме сигурност на тимот од задната страна, од голот. Местаља заслужи што го добивме натпреварот.“ – вели Димитриевски.

 

 

ПретходноТФТ нема право на грешка: Го загубивме целиот меч, но не и целата серија! Нема да се предадеме!
СледноМОК со благодарност до претседателката Елена Мицковска