Енрике: Натпревар на кариерата, се договоривме колку голови треба да постигнеме во Минхен

397
фото: Actu Foot (X)

Во спектакуларениот прв натпревар полуфиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ го победи Баерн со 5:4 на „Паркот на принцовите“. Гледачите беа сведоци на неверојатен дуел полн со пресврти, кој влезе во историјата на натпреварувањето со пет гола веќе во првото полувреме.

Луис Енрике беше воодушевен и од парискиот спектакл:

„Ова беше, без сомнение, најдобриот натпревар во кој сум бил откако станав тренер“, рече тренерот на ПСЖ. Овие зборови имаат посебна тежина кога ги изговара одличен тренер кој има 18-годишна кариера во која водеше речиси 600 натпревари и освои две Лиги на шампиони, Ла Лига, Лига 1 и Купот на Франција, потоа три Кралски купови и по едно Светско првенство за клубови и Интерконтинентален куп.

Шпанскиот тренер додаде: „Само што го прашав персоналот колку голови ќе ни требаат во Минхен за да поминеме понатаму и се согласивме дека треба да постигнеме барем три таму“.

Во врска со првиот натпревар, Енрике вели: „Интензитетот на играта во текот на целиот натпревар беше извонреден. Многу сум задоволен од победата, но при 5:2 мислев дека ќе добиеме подобар резултат. Заслуживме да победиме, но исто така заслуживме и нерешено и да изгубиме.“

ПретходноКузманоски: Ова е златна генерација!
СледноНовеска: Вакви првенства ни беа потребни можеби уште порано! Ракометарките одиграа над своите можности!