Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија за млади категории

205

Денеска во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Македонија во младинските категории, со што официјално започнува битката за пласман во финалето кај младите фудбалски надежи.

Во конкуренција на младинци, ќе се соочат АП Брера и Пелистер, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Шкупи 1927 и Вардар.

Кај кадетите, за место во финалето ќе играат Њу Старс против Пелистер, а вториот дуел е помеѓу Вардар и АП Брера.

Во категоријата пионери, Пелистер ќе се сретне со Вардар, додека Македонија ЃП 1932 ќе игра против АП Брера.

Кај помладите пионери, Вардар ќе се соочи со Брегалница 2008, додека Пелистер ќе ги одмери силите со Струга Трим Лум.

Натпреварите ќе се одиграт на 5, 6 и 7 мај. Победниците од овие дуели ќе обезбедат пласман во големото финале на Купот на Македонија.

ПретходноМилан Ристовски во тимот на колото во Чешка
СледноМадрид ќе “гори“: Чоло против Артета, Атлетико против Арсенал! (ФОТО)