На свечената церемонија на затворањето на Светското училишно првенство во ракомет, одржана во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, Македонскиот олимписки комитет (МОК) доби посебно високо признание. Федерацијата на училишен спорт на Македонија му додели почесна Благодарница на МОК за особен придонес и поддршка во успешната реализација на овој врвен меѓународен спортски настан.
„Во име на Македонскиот олимписки комитет, благодарницата официјално ја прими Раководителот на сектор спорт, Петар Спасеновски. Признанието му беше врачено лично од претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска.
Со доделувањето на ова признание, Федерацијата јасно ја изразува својата благодарност за континуираната поддршка од страна на највисокото спортско тело во земјата. Овој гест ја потврдува силната и трајна партнерска врска помеѓу МОК и Федерацијата на училишен спорт. МОК уште еднаш даде до знаење дека не е само официјален партнер, туку е секогаш присутен и спремен да помогне во секој аспект на развојот и поддршката на училишниот спорт, бидејќи токму од овие сали произлегуваат идните олимписки надежи на Македонија“, се вели во соопштението на МОК.










