Саботен спектакл: ГРК Охрид организира фан – зона пред дуелот со Целје!(ФОТО)

73
ФОТО:facebook.com/hcohrid

Охрид, а и ракометна Македонија се спрема за саботниот спектакл, на кој ракометарите на ГРК Охрид ќе го одиграат реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Познато е дека на првиот меч беше 27:26 за тимот од Словенија, па ете ја шанса за историско европско финале за клубот од Охрид. Како што велат охриѓани се е подготвено за тој меч кој се игра во сабота од 19 часот.

Исто така денеска јавноста беше информирана дека пред реванш натпреварот ќе се организира и фан – зона пред салата „Билјанини Извори“, каде што фановите ќе можат да се “загреат“ пред самиот меч. Ќе има ди-џеј, фан шоп, музика, пијалоци, се што треба за ваков вид ракометна забава.

Инаку да потсетиме дека билетите се веќа распродадени, па така Целје го чека пекол во “Билјанини Извори“.

ПретходноСерафимов е ок и веќе направи кам бек на тренинзите на Левски
СледноШК Алкалоид е најдобар клуб на Светското екипно првенство во шах за сениори!