Во резултатски небитен натпревар, кошаркарите на МКК Куманово дојдоа до победа на гостувањето против Феникс 2010 во последното коло од плеј-аутот со 92:98.
Феникс 2010 од претходно стана јасно дека се сели во второлигашка конкуренција, а кумановци ја искористија шансата да ја завршат сезоната победнички.
Стевановиќ со 23 поени беше најрасположен кај МКК Куманово, додека кај Феникс 2010 денеска Лука Савичевиќ заврши со 22 поени.










