Белистојаноски потпиша со првиот тим на Пелистер

48

Младинското репрезентативно крило, Ненад Белистојаноски, од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Тој се обврза на договор до јуни 2028.

“Нашиот проект да имплементираме квалитетни млади ракометари кон сениорскиот тим продолжува. Како и минатите сезони, така и оваа, промовираме ракометари од развојниот Еурофарм Пелистер 2 во тимот кој се бори за титули – Еурофарм Пелистер.

Младинското репрезентативно крило, Ненад Белистојаноски, од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Тој се обврза на договор до јуни 2028 година со шампионот на Македонија и со раширани раце го чекаме на јулските подготовки. 21-годишното десно крило е родено во Прилеп, но целосно се изгради како ракометар во Битола, ги прескокна сите скалила и дојде пред вратите на сениорскиот тим, веруваме во иднина и во националната репрезентација.

Официјалното претставување на Белистојаноски како член на Еурофарм Пелистер е предвидено на почетокот од подготовките за следната сезона”, се вели во известувањето на Пелистер.

ПретходноНовеска: Вакви првенства ни беа потребни можеби уште порано! Ракометарките одиграа над своите можности!
СледноТФТ нема право на грешка: Го загубивме целиот меч, но не и целата серија! Нема да се предадеме!