Барселона повторно ќе мора да се сели од Камп Ноу

94

Барселона, повторно, би можела да помине значаен дел од сезоната 2027/28 надвор од „Камп Ноу“.

Како што објавува „Кадена СЕР“, поради претстојната инсталација на покривот и завршувањето на преостанатите фази од реконструкцијата на стадионот, барселона на некое време мора повторно да оди на друг стадион.

Клубот проценува дека работата, која ќе започне во јуни 2027 година, ќе трае четири до пет месеци, но потоа, сè уште ќе биде потребно одобрение од Градското собрание на Барселона и безбедносни дозволи.

Затоа, Барселона веќе им се обрати на градските власти со барање да го користи стадионот „Олимпик Луис Компанис“ поголемиот дел од сезоната 2027/28.

ПретходноПо пад од коњ почина британската коњичка ѕвезда
СледноМЗТ Скопје А. го победи Маџари пред стартот на разигрувањето за титулата