Шампионот МЗТ Скопје Аеродром славеше во последниот меч од плеј-оф групата во Суперлигата на гостувањето кај Маџари со 81:94 и победнички ќе влезе во плеј-оф разигрувањето за шампионската титула. На гостувањето вечерва, избраниците на Васко Атанасов почнаа добро и ја добија првата четвртина со пет поени предност, по што видовме делумно враќање на домашните во вториот период. Маџари до полувреме ја намали предноста на гостите на само три поени (41:44).
Во второто полувреме МЗТ Скопје го засили темпото и успеа да ја зголеми предноста, која во почетокот на последниот период се искаќи и на +15 (64:79). Иако домашните се обидуваа да се вратат во мечот, шампионот рутински ја заврши работата.
Смит со 23 и Петков со 21 поен беа најдобри поединци кај гостите, додека кај Маџари, Американците Грин и Армстрон беа најефикасни со 23, односно 22 поени.










