Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список за бараж мечот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година.
На списокот после долго време се најде Филип Талески, кој е член на Татабања.
Првиот натпревар Македонија го игра на гостински терен во Прешов на 14 мај, а реваншот е три дена подоцна во Скопје. На првата средба нашите ракометари на трибините ќе имаат поддршка од најмалку 100-на навивачи.
Доколку Македонија го помине овој бараж натпревар, групата ќе ја дознаат на 10 јуни, противниците ќе ги чекаат од вториот шешир, што значи дека нема да играат во Штутгарт.











