Одлука на Дисциплинската комисија за мечот Скопје – Тиквеш (Младинска Супер Лига)

171

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука во врска со натпреварот помеѓу ФК Скопје и ГФК Тиквеш 1930, одигран во рамки на 23. коло од Младинската Супер лига.

Поради неправилен настап, односно настап со лажни податоци и користење лажни легитимации од страна на дел од играчите на ГФК Тиквеш 1930, клубот се казнува со парична казна во износ од 1.000 евра и одземање на три (-3) бода на младинската екипа.

Воедно, претставникот на ГФК Тиквеш 1930 на натпреварот, Трајче Димитриев, се казнува со забрана за извршување на функција во траење од 18 месеци.

ПретходноПелистер го “скрши“ Тиквеш
СледноОфицијално: Коби Маино во Манчестер Јунајтед до 2031!(ФОТО)