Денеска во Битола, во меч од 5.коло во ТОП-6 фазата во нашата елитна кошаркарска лига, Пелистер успеа со 100:93 да го победи составот на Тиквеш. Во меч која речиси и да немаше којзнае какво резултатско значење, се знаеше претходно дека за Пелистер е резервирана позицијата бр.3 во пресрет на полуфиналето од плеј – офот во битката за титулата, домашните кошаркарки сепак славеа нешто потешко од очекувањата. Ова беше и своевидно “загревање“ за Пелистер за полуфиналето.
Имено Тиквеш пружи силен отпор и иако битолчани ги добија сите четвртини, освен последната, сепак не успеваа резултатски да се “одлепат“ со некоја поголема разлика. Инаку кавадарчани и дефинитивно оваа фаза од првенството ја завршија на шестата позиција.
Кај домашните Вилсон со 29 поени и Дејвис со 24 беа најефикасни, додека кај кавадарчани Хоукинс запиша 24 поени.










