Официјално: Коби Маино во Манчестер Јунајтед до 2031!(ФОТО)

35
ФОТО:facebook.com/manchesterunited/

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Маино (21), потпиша нов договор со клубот до 2031 година, со што заврши месеците неизвесност околу неговата иднина.
Англискиот репрезентативец имаше претходен договор до 2027 година, со можност за продолжување, но клубот и играчот се одлучија за нова, долгорочна соработка.
Маино е дете на Јунајтед, порасна во младинската академија на клубот, а се проби во првиот тим во 2023 година. Во еден период од оваа сезона, имаше помала минутажа, што доведе до негово барање да оди на позајмица во зимскиот преоден рок, но раководството одби, нагласувајќи дека сметаат на него во иднина.
Промената на клупата на почетокот на годината влијаеше и на неговиот статус во тимот. Оттогаш, тој е редовен во составот, пропуштајќи само еден лигашки натпревар поради
Новиот договор е потврда за довербата на клубот во младиот играч од средниот ред, кој треба да игра значајна улога во наредниот период.

ПретходноОдлука на Дисциплинската комисија за мечот Скопје – Тиквеш (Младинска Супер Лига)
СледноЧеферин потпиша меморандум со КАФ