40-годишниот Нојер потпишува нов договор со Баерн

33
фото: Bayern Munich (X)

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, по се изгледа, ќе го продолжи договорот со клубот. Според новинарот Флоријан Плетенберг Нојер се надева дека ќе потпише нов договор, а неговиот агент веќе имал прелиминарни разговори со клубот од Минхен.

Според информациите, Баерн му нуди на Нојер нов договор до 2027 година. Сè уште не е постигнат договор, но 40-годишниот голман најавил дека потпишувањето ќе биде само формалност. Се очекува заменикот на Нојер во Баерн, Јонас Урбиг, да добие уште поголема минутажа следната сезона.

ПретходноИнфантино дециден: Иран ќе игра на Мундијалот!
СледноПо пад од коњ почина британската коњичка ѕвезда