Арсенал поднесе жалба до УЕФА!

345
ФОТО:facebook.com/Arsenal/

Синоќа во првиот полуфинален меч во Лигата на Шампионите, Арсенал и Атлетико Мадрид одиграа нерешено 1-1 во Мадрид, а Микел Артета не беше премногу задоволен од резултатот откако не беше досуден уште еден пенал за неговиот тим. Поточно истиот беше поништен.
Денеска медиумите од Шпанија пишуваат дека клубот од Лондон не бил задоволен од многу работи. Арсенал испрати официјална жалба до УЕФА во врска со условите во кои се играше натпреварот на „Метрополитано“ во Мадрид. Се споменува атмосферата на стадионот, како и поплаки за однесувањето на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
Додадена е и состојбата на тревата на теренот, која, според нив, била под стандардот. Дури и пред почетокот на натпреварот, делегатите на УЕФА мораа дополнително да го проверат теренот, кој беше оценет како нерамен и несигурен. Арсенал верува дека таквата подлога влијаела на квалитетот на нивната игра.
Реваншот е во Лондон во вторник, кога се надеваме дека ќе бидат исполнети сите критериуми за добар и привлечен фудбал.

ПретходноЛЕ и ЛК 1/2 финале: „Шумарите“ на мегдан со Астон Вила, Рајо го пречекува Стразбур (ФОТО)
СледноМакедонија ја оправда довербата на светската спортска сцена