По пад од коњ почина британската коњичка ѕвезда

72

Британската коњичка ѕвезда Џорџи Кембел (36) почина по сериозен пад на престижниот натпревар „Биктон Интернешнл Хорс Триалс“ во Девон.

Несреќата се случила на последниот ден од натпреварувањето, додека таа го јавала својот искусен коњ Глобал Квест.

Според информациите, коњот тежок околу 610 килограми не успеал да ја совлада пречката, што предизвикало фатален „ротационен пад“.

Експертите велат дека животното се обидело да направи дополнителен чекор пред да влезе во водата, но притоа удрило во пречка со градите и предните нозе. Поради силата на движењето, коњот се превртел во воздух и паднал на грб, директно над јавачката.

Претходно40-годишниот Нојер потпишува нов договор со Баерн
СледноБарселона повторно ќе мора да се сели од Камп Ноу