Џентлмените од Битола: Пелистер му излезе во пресрет на Вардар!

760

Ривалството на терен е едно, а класата секогаш останува и таа се докажува во тешки моменти. Ова на дело го спроведе Пелистер. Актуелниот македонски првак му излезе во пресрет на Вардар 1961 пред реванш дуелот на „црвено-црните“ против Монпеље во Европската лига.

Раководството на Вардар 1961 испрати барање до Пелистер за одложување на дербито, а битолчани веднаш се согласија. Па наместо овој викенд вечното дерби ќе се одигра на 7. мај во Скопје.

Претходно на 5. мај во СЦ „Јане Сандански“ гостување Монпеље, а Иван Чупиќ и неговите момци ќе имаат доволно време за да се подготват за оваа средба. Добро е познато дека ги чека ѓаволско тешка задача, „бркаат“ негатива од десет гола.

ПретходноЛШ: Атлетико и Арсенал погодија од пенал, одлуката ќе падне на „Емирати“ (ВИДЕО)
СледноКанингем урна рекорд, Рокетс се вратија (ВИДЕО)