Васоски: Добар натпревар како најава за најважниот дуел сезонава за нас

297

Тимот на Силекс успеа попладнево ан свој терен да му откине бод на шампионот Шкендија во рамките од 30. коло и во Кратово да одигра 1:1.

Тоа значи само едно дека Силекс во моментов е во одлична форма, а од друга страна дека Шкендија може да се збогува со титулата доколку Вардар утре победи на гостувањето кај Башкими.

Шкендија денеска имаше водство до последните моменти од мечот, а тогаш Мишов израмни на 1:1.

Тренерот Александар Васоски секако дека е задоволен од развојот на настаните, затоа што по овој меч за Силекс доаѓа многу важниот реванш натпревар од Купот на Македонија.

„Интензивен, добар, супер натпревар можам да кажам. Дуел на две доста квалитетни екипи. Имавме и ние свои шанси, но едно мало невнимание не чинеше негатива. Шкендија покажа дека поседува сериозен индивидуален квалитет. Во вториот дел бевме подобри, освен голот имавме и три четири шасни кои што не ги искористивме, и со кои што ќе го добиевме натпреварот.

Сепак, овој бод и добра игра треба само да ни е мотив повеќе за мечот на сезоната кој што ни предстои сега, а тоа секако е реванш дуелот од полуфиналето од Купот на Македонија против тимот на Охрид на домашен терен“ – изјави Васоски, за Спортспорт.

 

ПретходноПМФЛ: “Лавовите“ против Шкупи броеја до четири!(ФОТО)
СледноСекуловски: Максимален пристап за конечен успех на крајот од гостувањето во Скопје