За првпат во историјата на мак-баскетот: Кошаркари добија благодарници од навивачи (ФОТО)

155
Фото: КК Работнички/Фејсбук

Работнички со победа го завери опстанокот во Првата лига. Иако „црвено-белите“ и натаму се соочуваат со финансиски проблеми и стигнаа до степен да се борат за место во елитата, сепак не дозволија целосен дебакл, беа најдобри кога беше најпотребно.

За ова нивно остварување после вчерашниот меч против Ангели на кој славе со 99-84 добија благодарници од навивачката група „Сити Парк Бојс“ која покажа дека знае да го препознае доброто. Зошто го велиме ова, во текот на сезоната бевме сведоци како кошаркарите поради лошото издание беа „пеени“ од страна на фановите.

ПретходноЈокиќ: Да бевме во Србија сите ќе бевме избркани
СледноСалах ќе остане во Европа, турскиот гигант е во трета фаза на преговори