Завршија првите полувремиња од првите мечеви од 30.коло во ПМФЛ. Во Кратово, каде што играат Силекс и Шкендија, гостите имаат водство од 0:1 и тоа со голот на Ндзенгуе во 19.минута кога убаво се снајде пред домашниот гол. Само неколку минути подоцна Ндзенгуе не успеа да реалзира зицер позиција за 0:2, иако беше очи во очи со домашниот голман Џеков. Силекс најголемата шанса, беше двојна, ја имаше во 35.минута кога ударите на Донов и Димитриевски, Гаје успеа да ги одбрани.
Во Ѓорче каде што Шкупи е домаќин, Македонија ЃШ очекувано има убедливо водство и тоа со 0:3. Стрелци на головите беа Галевски во 11.минутаи Николиќ два, во 25. и 39.минута.















