Очекувано, Македонија ЃП попладнево како гостин во Ѓорче успеа да дојде до трите планирани бода во битката за опстанок. Шкупи – Македонија ЃП 0:4 е исходот од овој меч во рамките на 30.коло во нашата елитна лига.
Велима планирани ако се знае дека чаирчани цела сезона служат за поправање на гол – разликата на противниците. Со овие три бода сега тимот на стратегот Боби Божиновски има 30 и се наоѓа на десеттата позиција на табелата прескокнувајќи го Работнички кој остана со тие 28 бода, но и со меч помалку, оној утре против Пелистер кој и тоа како ќе биде значаен за двете екипи, ако се знае битолчани имаат 32 бода.
Македонија ЃП поведе со голот на Галевски во 11.минута, за до крајот на првиот дел Николиќ со два гола, во 25. и 39.минута донесе водство од 0:3, резултат со кој заврши првиот дел.
Во продолжение од мечот “лавовите“ се задоволија со само уште еден гол, оној на Софијановски во 48.минута за конечни 0:4.



















