Трамп го призна поразот за Иран:„Знаете што? Нека играат на Мундијалот!“(ВИДЕО)

161
Фото: Доналд Трамп Х

Сега веќе се знае дека Иран и дефинитивно ќе игра на СП 2026. Прво тоа вчера го кажа претседателот на ФиФА, Џани Инфантино, а денеска е Доналд Трамп го призна поразот и посочи дека Иран Ќе игра на Мундијалот.

Од почетокот на воената агресија на Израел и САД врз Иран, на маргините на конфликтот со многу жртви и материјална штета, се појави дилема околу учеството на фудбалската репрезентација на нападнатата земја на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада (11 јуни – 19 јули).
Американскиот претседател Доналд Трамп се обидуваше да издејствува исфрлање или барем повлекувањето на Иранците од Светското првенство, тие самите едно време даваа контрадикторни изјави за нивното заминување на Светското првенство, по успешното завршување на квалификациите, така што првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација, Џани Инфантино, неодамна потврди дека нема ништо од такво сценарио.

По ова и Трамп денеска истакна:

Ако Џани го кажал тоа, тогаш е во ред. Знаете што? Нека си играат“, рече Трамп пред медиумите, во Овалната соба на Белата куќа, признавајќи го со тоа поразот во „натпреварот“ со најдобрата фудбалска репрезентација на Иран.
Иранците се сместени во Групата Г, заедно со селекциите на Белгија, Египет и Нов Зеланд, а своите натпревари од првата фаза – на 15, 21 и 26 јуни.

ПретходноХаос е во Реал: Ѕвездата на тимот си оди, а на Арбелоа му порачал…
СледноКлоп ја донел конечната одлука, го информирал и Дон Флорентино!