Јокиќ: Да бевме во Србија сите ќе бевме избркани

741

Нагетсите беа елиминирани во првото коло од плејофот од Минесота со 4-2, а ги загубија последните шест натпревари со 110:98.

Јокиќ го заврши натпреварот со 29 поени (11/19 од поле, 1/5 за три, 5/6 за еден поен) со 10 асистенции и девет скока, но и четири изгубени топки.

„Руди е голем човек, не направивме добра работа, тие имаа 19 офанзивни скока. Губевме многу топки, тие играа со нас. Морав да играм подобро, ми требаше подобар ритам. Особено во првите три натпревари. Требаше да бидам подобар, тие дефинитивно беа подобри во оваа серија“, рече Јокиќ.

Тој беше прашан и дали исходот од оваа сезона ќе влијае на неговата одлука да остане во Денвер.

„Сè уште сакам засекогаш да бидам во Денвер“, одговори Јокиќ.

Потоа Јокиќ беше прашан дали Денвер Нагетсите го очекува големо лето.

„Едноставно бевме елиминирани во првото коло. Мислам дека сме далеку од тоа што треба да бидеме. Тоа не е моја одлука. Дефинитивно, да бевме во Србија, сите ќе бевме избркани“.

Јокиќ воопшто не го обвинува тренерот Давид Аделман за елиминацијата и начинот на игра.

„Не е негова вина, нема што да се обвинува Аделман, само наша е вината. Имавме 54 победи, бевме трети, имаше повреди. Не знам, најдовме начин да победиме на некои натпревари, но не сакам да ги обвинувам повредите за фактот што не се пласиравме понатаму. Имаме лидери, многу момци во повеќе ситуации“, рече Никола Јокиќ.

ПретходноКога ќе се искриви обрачот, има решение – Бојан Крстевски (ВИДЕО)
СледноЗа првпат во историјата на мак-баскетот: Кошаркари добија благодарници од навивачи (ФОТО)