Ипсвич и официјално се врати во Премиер лигата

101

Тимот на Ипсвич експресно се врати во Премиер лигата по само една година мината во Чемпионшип. Со победата над Квинс Парк Ренџерс со 3:0 и официјално беа исполнети условите овој тим повторно да се најде во елитата.

Па така, Ипсвич по ова последно коло од регуларната сезона има вкупно 84 бода, што е за бод повеќе од Милвол. Секако, Ковентри е суверен на врвот со 95 поени и одамна е член на Премиер лигата, уште од 17 април.

Избраниците на Френк Лампард денеска славеа со 0:4 како гостин кај Вотфорд. Милвол како трет ќе мора да игра плеј оф за пласман во ранг погоре.

 

 

ПретходноВиљареал со убав триумф над Леванте
СледноПрекин во Гостивар, навивач падна од трибината директно на терен