Во тек е натпреварот од ПМФЛ 30. коло помеѓу екипите на Башкими и Вардар кој што поради суспензија на теренот на кумановци, се игра во Гостивар.
Во моментов резултатот е 0:1 со голот на Закариќ но овој момент е во сенка поради падот на еден навивач од трибината директно на теренот.
Брзата помош веднаш реагираше и го одведе навивачот во болница, по што натпреварот во Гостивар продолжи.















