Денеска на програмата од 16:00 часот во рамките од 30. коло од ПМФЛ шампионатот се играат мечевите Работнички – Пелистер, односно Башкими – Вардар.
Лидерот гостува во Гостивар поради суспензијата на стадионот во Куманово и на полувреме води со 0:2.
Закариќ погоди во осмата минута, за да водството на Вардар го удвои Бобан Николов во послендата минута од полувремето.
Работнички поведе по само четири минути игра, гостите од Битола израмнија преку Булатовиќ во двесеттат, а во 26. по реализираниот пенал, Работнички повторно дојде до предност.















