Мирко Ивановски му донесе „златно“ реми на Пелистер во Скопје

309

Екипата на Пелистер однесе злато вреден бод од гостувањето во Скопје, откако предмалку одигра 3:3 во ремито против Работнички во рамките од 30. Коло од ПМФЛ шампионатот.

Исклучително интересниот и неизвесен натпревар имаше работен наслов, „бодови за опстанок“, и во таа насока и течеше дуелот.

По само четири минути игра, Сухељ Мухарем погоди за водство, на домашните, за да веќе во деветтата минута Булатовиќ израмни на 1:1.

Во 26. Минута досудениот пенал за домашните го реализираше Бесир Демири за домашно водство од 2:1.

Само што започна вториот дел домаќинот беше имаше водство и од 3:1 преку Хоџа, за да потоа следува кам бекот на битолчани.

Најпрво Петар Петковски по една лоша реакција на одбраната на Работнички намали на 2:3, за да во последните моменти од мечот, искусниот Мирко Ивановски изедначи на 3:3.

Битката за опстанок по овој меч продолжува но со следната консталација на односи.

Пелистер сега е осми со 33 бодови пред Брера која што има исто толку. Македонија ЃП има 30, додека Работнички има 29, пред вече одамна испаднатиот Шкупи.

 

ПретходноВМФЛ: Златна победа на Брегалница, Скопје подобар од Охрид, Шкендија (А) го декласира Вардар (Н)
СледноСтоле не можеше сам: Атлетико (М) со втор тим славеше на „Местаља“