ВМФЛ: Лидерот го чека пекол во Струмица, „жешко“ ќе биде на Автокоманда во дербито

114
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial

Полека, но сигурно, завршува тековната сезона во ВМФЛ. Ако се знаат кои пет екипи директно испаднаа, допрва ќе ја видиме разврската за самиот врв на табелата и кој ќе игра следната сезона во елитата, а кои екипи ќе играат бараж за пласман во ПМФЛ.

Денеска на програмата се седум меча, утре се игра “неважниот“ меч меѓу Г.Коњари и Преспа.

Затоа денеска од 16 часот ќе има два меча кои можат да бидат пресудни за врвот. Лидерот Брегалница ја чека пекол во Струмица кај Беласица, и со победа веројатно ќе стави печат на првото место. На Автокоманда играат Скопје и Охрид, и двете екипи имаат по 59 и двете екипи сеуште се надеваат на директен пласман во елитата. Кој ќе биде поразен тешко дека ќе го види и баражот.

Шкендија (А) која исто така има 59 бода има лесна домашна задача против Вардар Неготино.

ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Победа – Тетекс

Осогово – Кожув

Шкендија (А) – Вардар (Н)

Беласица – Брегалница

Слога (В) – Новаци

Детонит – Саса

Скопје – Охрид

УТРЕ, 03.05.2026 (16 Ч)

Г. Коњари – Преспа

ТАБЕЛА

Брегалница 61, Охрид 59, Скопје 59, Шкендија (А) 59, Беласица 52, Осогово 50, Детонит 44, Новаци 44, Кожув 36, Тетекс 33, Саса 32, Вардар (Н) 19, Преспа 12, Слога (В) 12, Победа 11, Г.Коњари 7.

ПретходноГРК Охрид на 60. минути до финале: Едвај чекаме да излеземе на терен и да испишеме историја!
СледноЛукаку може да се врати во Англија, Наполи ја одреди цената