Вардаровиот шампионски пат води преку Гостивар

156

Денеска во рамките од новото 30. Коло во ПМФЛ шампионатот, актуелниот лидер на табелата, екипата на Вардар заминува во Гостивар, каде што од 16:00 часот ќе го одигра дуелот против тимотн на Башкими.

Јавноста е веќе информирана зошто клубот од Куманово своите мечеви како домаќин ги игра 100 км подалеку, а тоа е секако поради инцидентите по мечот со Струга ТЛ.

Па така, Вардар со своите досегашни 71. бод ќе тргне по нова победа и многу веројатно осигурување на првото место на крајот од шампионатот.

Шкендија вчера не успеа да победи во Кратово против Силекс и одигра само 1:1. Тоа значи дека Вардар во моментов има како заилха три бода, а доколку е успешен денеска во Гостивар тогаш нештата ќе станат многу, многу појасни.

За избраниците на тренерот Гоце Седлоски нема друга опција освен победа. Јасно е дека оваа ситуација не смее да се испушти, и дека мора денеска да се освојат бодови во Гостивар.

Алими: Ќе го дадеме максимумот за трите бода против Вардар

Капитенот на Башкими, Арменд Алими, истакнува дека атмосферата во соблекувалната е одлична и дека целта е јасна – нови три бода.

„Нормално е дека одиме на победа и на овој натпревар. Сè уште не сме математички сигурни на табелата, па затоа овој триумф е од витално значење за нас. Мотивирани сме и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе за да ги освоиме бодовите и во Гостивар“, изјави Алими.

Работнички нема друг избор, мора да го победи Пелистер

Работнички денеска игра еден од решавачките натпревари во битката за опстанок. По поразот од Македонија ЃП во Ѓорче Петров, избраниците на Муарем Муарем се наоѓаат пред голем предизвик, затоа што состојбата на табелата дека едноставно мора да го победат Пелистер во денешниот дуел од 30.коло во Првата лига, доколку сакаат да продолжат да се надеваат на останување во елитата.

ПретходноЕвролига по брза постапка го суспендира сопственикот на Панатинаикос, размислува за доживотна суспензија?
СледноГРК Охрид на 60. минути до финале: Едвај чекаме да излеземе на терен и да испишеме историја!