ГРК Охрид на 60. минути до финале: Едвај чекаме да излеземе на терен и да испишеме историја!

81
Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид денеска (19 часот) во салата „Билјанини Извори“ го пречекува Целје во реванш мечот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник е на 60. минути до нова историја – пласман во финалето.

На првата средба охриѓани беа поразени со минимални 26-27, негатива која апсолутно е достижна, особено ако се земе во предвид дека трибините ќе бидат исполнети до последното место.

Избраниците на Борис Ројевиќ имаа одличен вовед на првиот меч, но и голем пад, па на крајот извлекоа резултат кој ветува.

„Имавме недела во која воигрувавме нови тактички замисли, а дел од играчите добија и заслужен одмор. Сакаме да сработиме најдобро што можеме и да пренесеме дел од замислите на мечот против Целје. Имаме добра енергија, пред нас е меч за историја и едвај чекаме да се појавиме на паркетот. 

Треба сите да одиграме максимално фокусирано и заедно со нашата публика да дојдеме до резултат што ќе ни го трасира патот кон финалето. Играме одлична одбрана, се надевам дека ќе ја повториме и на мечот со Целје“, рече Анте Иванковиќ.

За постетување, минатата сезона ЕХФ Европскиот Куп го освои Алкалоид.

ПретходноВардаровиот шампионски пат води преку Гостивар
СледноВМФЛ: Лидерот го чека пекол во Струмица, „жешко“ ќе биде на Автокоманда во дербито